Фрлал со камења и го искршил стаклото на локомотивата во Тетово

На излезот од железничка станица Тетово, непознато лице вчера извршило каменување на патничкиот воз бр.662, кој сообраќа на релација Скопје-Кичево.

Лицето кое го каменувало го искршил стаклото од локомотивата, со што е причинета само материјална штета, соопштуваат од МВР.

Повредени за среќа нема. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

10.08.2014 - 12:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега