Насилници со тупаници и клоци претепале млад скопјанец

Околу 2:40 часот утринава, толпа млади лица претепале малолетно момче од Скопје.

Инцидентот се случил на раскрсницата од ул.„Ферид Бајрам“ и ул.„Рокомија“.

Петнаесет годишното момче од Скопје било физички нападнато од неколку млади лица, кои удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото му нанеле телесни повреди.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

10.08.2014 - 12:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега