Старец изгризан и ограбен сред центарот на Кочани

Во Кочани на ул.„Кеј на Револуцијата“бб, вчетра три непознати лица извршиле разбојништво над М.Н.(76) од с.Калиманци.

Тие му одзеле најлонско кесе во кое имало околу 3.000 денари, 50 евра и лични документи.

Имено, лицата му пришле на М.Н. од позади грб, при што едно од нив ја протнало раката во џебот од палтото на оштетениот, кој сакајќи да се одбрани го фатил лицето за нога, но во тој момент сторителот го гризнал М.Н. во пределот на десната подлактица.

Останатите две лица го турнале на земја, при што истиот паднал и се здобил со повреда во пределот на левата подлактица. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

10.08.2014 - 12:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега