ВИДЕО: Полицаец со нога му ја гази главата на беспомошен човек
Обвинителството на американската сојузна држава Конектикат поднесе тужба против полицаецот Клајв Хигинс (48) поради "претерана употреба на сила", односно затоа што пред три години ѕверски претепа приведен човек.
Случајот е регистриран во 2011 година кога Хигинс и неговите колеги, по голема потера по улиците на Бриџпорт конечно го фатиле извесен Орландо Лопез - Сото.
Хигинс на читањето на тужбата се изјаснил дека не е крив, но на снимката која се појави на интернет, јасно се гледа дека неговиот колега го погодил и онеспособил Лопез - Сото со електрошокер, а Хигинс го удира со нога по главата и вратот.
Другите двајца полицајци што учествувале во апсењето ја признаа својата вина и очекуваат во септември да им биде изречена пресудата. Се соочуваат со казна до една година затвор.
Бидејќи Хигинс не ја признава вината за инцидентот во кој е главен актер, му се заканува казна затвор до 10 години.
Сурово претепаниот Лопез - Сото го тужел градот Бриџпорт и барал оштета, но прифатил спогодба да му се исплатат 198.000 долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа