Со денови плачам за малата Тијана- Цеца си ја отвори душата
Трагичната смрт на малата Тијана го потресе целиот регион.
Загубата на малата Тијана ја потресе и пејачката Цеца Ражнатовиќ која сочувствува со нејзиното семејство и пријателите.
Во петокот Цеца одржа концерт во Гуча и пееше додека маса девојчиња во публиката плачеа. Кога дојде на ред песната „Пиле“, пејачката и ја посвети токму на Тијана.
-Концертот беше прекрасен, полн со емоции, а мојата верна публика како и секогаш беше на висина на задачата. Прекрасно, навистина. Но веста за малата Тијана така ме потресе што со денови плачам и размислувам за неа и нејзиното семејство. Сакам да ја споменам и да и посветам песна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа