Монструмот од Србија го чуваат од линчување во затвор

Драган Ѓуриќ (34) убиецот на младата Тијана Јуриќ е во животна опасност.

На месарот од Сурчин кој свирепо ја уби петнаесетгодишната тинејџерка  му е доделена посебна ќелија во затворот во Суботица, со цел да не го линчуваат другите затвореници.

Убиецот добил адвокат по службена должност, бидејќи рекол дека нема пари самиот да си плати. Како што известуваат српските медиуми сите трошоци на одбраната ќе бидат платени од буџетот на државата.

- Обезбедувањето му е засилено, а храна му се доставува во ќелијата. Исто така, на прошетка ќе биде ваден посебно, за да не го нападне некој во затворскиот круг. Во затворот моментално има слободни места, така што до крајот на судската постапка против него, тој веројатно ќе биде сам во ќелијата, шпекулираат српските медиуми.

Монструмот пред две ноќи бил сослушуван повеќе часови во Вишото обвинителство во Суботица, каде што исто така го признал злосторството, а потоа судијата му одредил притвор од 30 дена.

10.08.2014 - 11:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега