Хелсинки со проект за град без автомобили

 

Главниот град на Финска планира до 2025 година да ги направи автомобилите непотребни во градот со трансформација на мрежата за градски превоз во иновативен систем кој на граѓаните ќе им овозможи низа флексибилни решенија.

Официјалните лица од градот го претставија проектот со надеж дека ќе послужи како инспирација и за други поголеми градови кои се соочуваат со се поголеми сообраќајни проблеми.

Според планот, предвидено е обединување на сите јавни превозни средства (автобуси, велосипеди, такси, траект...).

Корисниците на услугите ќе може да изберат дестинација, да дознаат на кој начин може најлесно да стигнат до неа и да платат за возењето и сето тоа со помош на смартфон.

Принципот е едноставен – потребно е само да се внесе адресата на поаѓање и крајната дестинација и да се избере превозно средство. Апликацијата функционира како планер за патување и универзална платежна платформа што ги поврзува сите опции за превоз.

10.08.2014 - 10:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега