Продолжија воздушните напади врз позициите на Исламска држава
Американската армија продолжи да ги бомбардира позициите на вооружените екстремисти на Исламската држава во Ирак истовремено доставувајќи пакети храна и вода за повеќе илјади раселени жители кои се засолниле на планината Синџар.
Претседателот на Америка Барак Обама, синоќа вети дека со воздушните удари ќе им се помогне на цивилите, припадници на верската заедница јазиди, кои џихадистите ги опколија во планинскиот реон, но нагласи дека нема брзо решение за новонастанатата криза.
Американската Централна команда соопшти дека авионите доставиле трета тура помош во храна и вода.
Во четирите напади што вчера се извршени врз позициите на исламските екстремисти уништени се повеќе оклопни возила и камиони.
Обама во четвртокот одобри воздушна хуманитарна помош за припадници на малцинства на север во Ирак како и воздушни напади врз припадниците на Исламска држава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа