ФОТО: Лицето му беше деформирано од ќотек, но никој нема да одговара

Никола Соскиќ беше претепан на минатогодишниот Пивофест во Белград. Лицето на момчето буквално му беше деформирано, а како што вели болките се уште ги чувствува.

Во интервју за српски Телеграф Никола вели дека сторителите на ова грозоморно дело, се уште не се казнети.

-Цела година имам силни главоболки, а судењето се уште не е почнато. Наскоро ќе почне пак тој Пивофест.Има ли правда и закони во оваа држава. Како што ми изгледа на обезбедувачите никој ништо не им може, рече Никола.

За потсетување на Никола му се случи сево ова затоа што сакаше да спаси друго момче.

-Тргнав кон тоалетот и видов како двајца вработени во обезбедувањето жестоко тепаат едно момче. Им викнав „Што правите бе ќе го убиете човекот“. Веднаш се затрчаа кон мене. Ми удрија многу боксови и паднав на земја. Тогаш ме дотепаа. Целото лице ми беше подуено, вели момчето на кое му беа скршени сите коски на лицето и доби потрес на мозокот.

10.08.2014 - 10:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега