Подгответе се за пороен дожд и грмежи

 

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Попладне на места нестабилно со локален дожд и грмежи. УВ-зрачењето ќе изнесува 7. Температурата ќе достигне до 35 степени.

Во Скопје слично време со температура до 34 степени Целзиусови.

Утре ќе се задржи сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од 13 до 21, а максимална од 30 до 36 степени Целзиусови.

Претежно сончево и топло ќе биде и во вторник, со слаб до умерен ветер од променлив првец. Минимална температура ќе биде од 14 до 22, а максимална 32 до 37 степени Целзиусови.

МИА

10.08.2014 - 10:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега