Уапсен Турчин со дрога вредна милион евра
Во акција на граничната полиција, денеска на граничниот премин Батровци, на влез во Србија уапсен е турски државјанин во чив автомобил откриена е дрога со улична вредност од милион евра.
Во неговото возило со холандски регистарски таблички, пронајден е еден килограм кокаин, 34 килограми екстази таблети и пола килограм амфетамин.
Наркотиците ги прошверцувал од западна Европа, а денеска е запрен на влез во Србија и засега не е позната крајната дестинација. Според вредноста на дрогата, станува збор за една од поголемите акции на српската Управа на гранична полиција во последно време.
09.08.2014 - 14:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа