Добил ќотек во сопствениот дом - тројца насилници претепале кочанчанец

Во  текот на вчерашниот ден во семејната куќа во Кочани физички бил нападнат 37-годишниот Б.С.

Нападот, како што соопштуваат од МВР, го извршиле лицата Г.Л., В.Л. и М.Н удирајќи го со тупаници Б.С.

По настанот нападнатиот е пренесен во Медицинскиот центар во Кочани, каде му се констатирани телесни повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

09.08.2014 - 14:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа