Ограбен Тинекс маркет во Скопје

Еден од Тинекс маркетите во Скопје, вчера бил ограбен од страна на непознат сторител.

Сторителот со закана со нож вчера извршил разбојништво над вработените во маркетот лоциран на улица „Вич“.

Потоа ги одзел парите од дневниот промет и се дал во бегство.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

09.08.2014 - 13:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега