Спречен обидот на Русија да уфрли војници на украинска територија
Властите во Украина соопштија дека го спречиле обидот на Русија да префрли војници преку границата во Украина под изговор дека испраќаат хуманитарна помош.
– Огромен конвој се движеше кон украинската граница во придружба со руски војници и воена опрема, изјави Валериј Чалиј, заменик шеф на Кабинетот на претседателот во интервју за Украинската телевизија.
– Наводно, во договор со МКЦК во Украина, хуманитарен конвој од „мировници“ требаше да влезе во државата очигледно за да предизвика сеопшт судир, тврди Чалиј.
Тој нагласи дека обидот бил спречен по дипломатски канали без да даде повеќе детали. Чалиј додаде дека Црвениот крст демантирал информација дека Русија со нив се договорила за испраќање хуманитарен конвој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа