Мајка си ја препознала ќерката која исчезнала во цунамито во 2004

 

 

Радхатл Џана имала само 4 години за време на катастрофалното цунами во Индонезија во 2004 година. Бранот за отргнал од прегратките на својата мајка и ја исфрлил на остров каде за неа се грижела стара жена. Десет години подоцна нејзината мајка ја забележала и веднаш ја препознала. 

Мајката Џемил раскажува како таа и сопругот мислеле дека нивната ќерка загинала во цунамито.

- Мојата ќерка Радхатл и мојот син исчезнаа во цунамито. Сопругот и јас долго време ги баравме, но потоа се помиривме со тоа дека починале, раскажува Џемил и додава дека Радхатл, денес тинејџерка во моментот на несреќата имала 4 години, а нејзиниот син 7.

- Двете деца водата ги однесе кога бегавме од цунамито, вели мајката и пресреќно кажува дека веднаш ја препознала својата ќерка иако не ја видела 10 години.

- Веднаш штом ја видов знаев дека тоа е мојата ќерка. Ова е голема Божја мудрост, вели возбудената мајка.

Радхатл која во меѓувреме ја посвоила една стара жена, раскажува на што се сеќава: „Мене и брат ми ме однесе на островот Бањак, а јас таму останав да живеам кај постара жена. Мислам дека и мојот брат е жив“.

И нејзината мајка додава дека ќе продолжи да го бара синот бидејќи верува дека е жив и дека го посвоила некое семејство, како што се случи и со Радхатл.

 

09.08.2014 - 10:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега