Златната копачка од Мундијалот во рацете на Родригез
Младиот фудбалер од редовите на Реал Мадрид Џејмс (Хамес) Родригез, заслужено ја доби наградата Златна копачка, наменета за најдобриот стрелец на Светското првенство во Бразил.
Колумбискиот фудбалски репрезентативец на Мундијалот успеа да постигне шест погодоци за својата национална селекција.
Со ова се препорача кај челниците во клубот од „Сантијаго Бернабе“, каде што се пресели од Монако.
„Се радувам на оваа награда, во свое и во име на моите колеги од репрезентацијата на Колумбија, тие го овозможија успехот“, вели младиот фудбалер.
„Титулата најдобар стрелец на Светско фудбалско првенство е одлично постигнување и се радувам на можностите за успех со Реал Мадрид и со Колумбија“, додава Родригез.
Погодокот кој што го постигна на дуелот за пласман меѓу најдобрите осум селекции на Мундијалот, против Уругвај, беше прогласен за најубав на натпреварувањето.
„Ми се допаѓа, како и да е, подобар е голот против Јапонија“, им порача Колумбиецот на медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа