Запленети 183 килограми марихуана во Италија
Италијанската полиција заплени 183 килограми марихуана во две одделни акции. Дрогата е прошверцувана од Албанија.
Во првата акција се уапсени тројца албански државјани со 130 килограми марихуана. Тие се уапсени синоќа во Умбрија, откако се обиделе да ја префрлат дрогата од областа Фросиноне во северниот дел на Италија.
Полицијата запрела две возила при што во едното од нив биле Албанците и запленетата дрога, која се наоѓала во три големи вреќи.
Во друга акција полицијата во Бриндизи заплени 53 килограми марихуана и уапсила педесет и тригодишен Албанец, во чиј автомобил „Форд Фиеста“ била пронајдена дрогата.
Заедно со Албанецот уапсен е и триесет и тригодишен Италијанец, кој е осомниче за препродажба на дрогата. Тие биле уапсени по подолго следење на автопатот Лече-Бриндизи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа