Статистика: Во јуни откупени земјоделски производи вредни 741,3 милиони денари
Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јуни 2014 година изнесувала 741.313.000 денари, што е за 15.2 отсто помалку во споредба со јуни лани. Според податоците кои денеска ги соопшти Државниот завод за стистистика, вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 12.4 проценти, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 29.2 отсто.
Намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи е забележано кај житата, индустриските растенија, алкохолните пијалаци, живината и јајцата и млекото, додека зголемување е забележано кај градинарските и фуражните растенија, овошјето, добитокот, млечните производи и рибата, говорат податоците на Статистика.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа