Министерот Цветков на средба со винарите
Министерот за змјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска ќе одржи работен состанок со претставници на поголемите винарски визби во земјава.
Завчера, министерот Цветков имаше средба со претставници на здружението „Агротиквешија“ кои посочија дека поради неповолните климатски услови годинашниот род ќе биде преполовен. Производителите очекуваат повисоки откупни цени од лани. Според нив, 13 денари за килограм смедеревка и 15 за вранец би била реална. Министерот порача дека Законот за винарство мора да се почитува. Винариите, доколку сакаат да се вклучат во откупот не смеат да имаат долгови кон лозарите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа