Европа вистински ја налути Русија - еве ја казната што ја испорача Путин

 

Франција го следи внимателно развојот на ситуацијата околу одлуката на Русија да го забрани увозот на храна од голем број држави. Тоа го изјави денеска портпаролот на француското Министерство за надворешни работи Венсан Флореани, цитиран од ИТАР-ТАСС,исе воздржа од детален коментар за реакцијата на Париз.
“Станува збор за заедничка изјава, чии точни параметри уште се утврдуваат”, истакна тој. Руската забрана може да нанесе тежок удар на европските производители на храна, посочија раководители на водечки француски синдикати во земјоделскиот сектор.

“Русија се затвора за увоз и истовремено производите кои не се извезуваат (надвор од ЕУ), ќе се отпад на европскиот пазар, што ќе создаде кризна ситуација”, посочи синдикален лидер.

Данската влада изразува “длабока зачуденост” од одлуката на Москва, изјави данскиот министер за трговија и соработка за развој Могенс Јенсен.

“Многу добро разбирам дека данските компании имаат значителен интерес од извозот кон Русија”, истакна тој. Според податоците на националниот статистички институт данскиот извоз во Русија во 2013 година бил со вредност 11,8 милијарди круни (2,14 милијарди долари), од кои 4,9 милијарди круни (891 милиони долари) или 41 проценти бил извозот на прехранбени производи од земјоделскиот сектор. Извозот за Русија обезбедува 7000 работни места во Данска.

Финскиот производител на млечни производи Valio престана со производството на стоки за извоз во Русија, пренесе Блумберг, цитирајќи го шефот на компанијата Пеку Лаксонен.

Ирските производители на сирење пак можат да го изгубат до 4,3 милиони евра годишно, посочи ирскиот министер за земјоделство, храна и морските прашања Симон Ковни.

Годишно Ирска извезува за Русија намирници и пијалоци за околу 150 милиони евра и е на 13 место меѓу европските земји, прецизира ИТАР-ТАСС.

Забраната за увоз во Русија на намирници од Норвешка е неразумна, се наведува во соопштението норвешкиот министер за надворешни работи Борге Бренда, информира ИТАР-ТАСС. Норвешката влада проценува дека последиците од забраната за националната економија се големи, рече министерот, изразувајќи согласност со шефовите на Европската унија, дека одлуката е политички мотивирана. Во 2012 година и 2013 година Русија беше најголемиот увозник на норвешка риба.

Германското Министерство за храна и земјоделство создаде работна група која ќе ги оцени последиците од руските одмазднички санкции, посочи шефот на службата Кристијан Шмид. Заедно со Швајцарија и САД, Русија е меѓу најважните пазари за германската земјоделска продукција надвор од ЕУ. Минатата година Германија извезе за Русија производи во вкупна вредност од 1,6 милијарди евра. Забраната сепак ќе влијае најмногу на руските корисници, истакна министерот.

Одлуката на Москва ќе се одрази негативно врз производителите и економските показатели на Латвија, коментира латвиски експерт. Вкупниот обем на извозот на Латвија за Русија во 2013 година се еднакви на 656 милиони евра, според податоците на латвиски федерација на претпријатијата за храна. Ќе настрадаат најмногу латвиски производители на млечни производи, месо и рибопреработубачките компании кои извезуваат во Русија и други земји од ЗНД, а кај повеќето песимистичките предвидувања ова ќе доведе до драстичен скок на невработеноста во земјата, истакна претставничка на раководството на организацијата .

Руските санскции ќе бидат болни за конкретни естонски претпријатија, а најсилно можат да настрадаат млекопроизводителите, рече премиерот на Естонија Таави Ријвас. Во овој сектор уделот на извозот за Русија е 24 проценти. “Генерално влијанието на санкциите врз земјоделството на Естонија нема да биде силно”, истакна тој.

Ограничувањата ќе влијаат сериозно врз земјоделскиот сектор на Италија, истакна министерот за земјоделство, храна и шумарство, Маурицио Мартина. Италија очекува од Москва детален список на производите, кои спаѓаат во опсегот на забраната за увоз. Во 2013 година извозот на италијански прехранбени производи за Русија се изедначува со 700 милиони евра или под 2 проценти од целиот италијански извоз.

Полската економија може да загуби до 1 процент од нејзиниот раст заради руските одмазднички санкции, тврдат локални експерти.

 

 

07.08.2014 - 22:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега