ФОТО: Актерите не глумат, сексот е вистински
На хрватскиот фестивал за современ театар Задар снова имаше во најмала рака контроверзна изведба на претставата Гробница за Борис Давидович, поставена од режисерот Ивица Бујан, кој е познат по шокирањето на театарскиот свет.
- Сексот беше вистински, на сцената ништо не е лажно – рекол режисерот Бујан, чиви претстави изобилуваат со насилство и голотии.
Тој додаде дека гледачите не биле изненадени од случувањата на сцената.
Претставата е направена како српско-хрватско-словенечка копродукција, а првата изведба ја имаше на „Мител фест“ во Италија, каде што го предизвика вниманието на италијанските театарски критичари. Текстот за претставата е направен според прозата на Данило Киш.
Досега, „Гробница за Борис Давидович“ е изведена во Италија, како и во Белград. Наесен таа ќе биде изведена во Загреб и во Љубљана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа