Дождот го потопи Берово - наврнале 67 литри на метар квадратен
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнале во Берово - 67 литри на метар квадратен, 32 во Куманово, 28 во Крушево, 26 во Скопје на Зајчев Рид, 13 во Тетово, девет во Крива Паланка, шест во Битола, два во Маврово и во Лазарополе.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд, а попладне повторно нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Повеќе врнежи се очекуваат во западните и во северните делови. Температурата ќе се движи од 24 до 30 степени Целзиусови.
07.08.2014 - 09:09
Фото:
региони
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа