Можна е руска воена интервенција во Украина
НАТО денеска соопшти дека Русија распореди околу 20.000 војници на руско - украинската граница и истите можат да навлезат во Украина под изговор дека доаѓаат во хуманитарна и мировна мисија.
- Нема да шпекулираме што мисли Русија, но можеме да видиме што прави таа во регионот и тоа предизвикува голема загриженост. Русија распореди околу 20.000 војници на источната граница на Украина, изјави потпаролката на Алијансата, Оана Лунџеску.
Според Доналд Туск, Премиерот на Полска, зајакнатото присуство на руските војници на границата со Украина ги загрозува напорите за изнаоѓање дипломатско решение за кризата. Тој изјави дека ситуацијата е опасна и постои закана од директна руска воена интервенција во Украина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа