Еве како и се додворувал Нејмар на Сораја
Сораја летните денови ги поминува на Ибица во друштво на бразилскиот фудбалер Нејмар. Откако нивната фотографија го обиколи светот, српската старлета раскажа и за нивниот однос. Тие прво биле на вечера во ресторанот „Џипријани“ и потоа продолжиле да се забавуваат во дискотеката „Amnesia“. Сораја вели дека од фудбалерот го добила најубавиот комплимент.
- Нејмар е исклучително забавно и природно момче. Кога ми пријде, почна да ми зборува на неговиот мајчин јазик и така ми го додели најубавиот комплимент што некогаш сум го добила. Тој беше убеден дека јас сум Бразилка, кажала Сораја за еден српски магазин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа