Повлечена понудата од 80 милијарди долари за купување на Тајм Ворнер

 

Медиумскиот магнат Руперт Мардок ја повлече својата понуда од 80 милијарди долари за купување на американската Тајм Ворнер. Понудата официјално беше соопштена во средината на јули.

Тој објасни дека предлогот на неговиот медиумски конгломерат Твенти-фрст сенчери фокс не бил привлечен за Тајм ворнер.

– Раководството и административниот совет на Тајм ворнер одбија со нас да го анализираат подобро нашиот предлог, појасни Мардок.

По оваа изјава на Мардок, се случи пад на цената на акциите на Тајм ворнер на берзата на Волстрит.

Извор близок до Мардок вели дека биле заинтересирани за каналот Ви-Ејч-О и за спортските права што ги има откупено Тајм Ворнер. Мардок планирал и да го препродаде Си-Ен-Ен на Тајм Ворнер кој е конкурент на неговата телевизија Фокс њуз.

06.08.2014 - 11:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега