Трагедија: Отишол да бара работа - го вратиле во ковчег

Трагедијата нема крај. Уште еден немил настан ја потресе Србија откако 25-годишниот Ненад Јуришевиќ од Крагуевац кој отишол во Кипар да бара подобар живот, го вратија во ковчег во неговото родно место.

Според податоците на српскиот Курир, младото момче се удавило, откако отишло на Кипар за да бара работа. Инаку, тој бил дипломиран правник, но за жал никаде не можел да се вработи, па решил тука да си ја испроба среќата.

- Беше добар пливач. Не бил ни далеку од плажата, но морето било немирно. Велат дека го поклопил еден, па уште еден бран кој бил пресуден. Исчезнал и иако луѓе веднаш притрчале да му помогнат, веќе ило предоцна, вели извор за Курир.рс.

Во куќата на несреќното момче владее тага и болка. Пред четири години неговата мајка го изгубила сопругот, а сега го испраќа и своето чедо. Мајката низ солзи вели дека била на одмор.

- Бев во Грција, и јас бев на море...што да ви кажам во ваков момент...се спремаме за погреб, вели таа скршена од тага.

Ова е само уште една трагедија која деновиве ја потресе Србија.

06.08.2014 - 09:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега