Нов пресврт: Тијана киднапирана бидејќи татко и должел пари?!

Полицијата интензивно работи на случајот за 15-годишната Тијана Јуриќ на која од пред повеќе од десетина дена и се губи секаква трага. Според податоците до кои дојде српскиот Курир, таткото на Тијана должел пари, па затоа неговата ќерка ја киднапирале криминалци, кои ја држат се додека тој не го исплати долгот.

Полицијата дошла до сознание дека Игор Јуриќ неодамна им должел пари на "сомнителни типови", но дека тој долг го вратил неодамна. Сепак, таткото на исчезнатата малолетничка и криминалците и понатаму се карале околу каматата, па најверојатно тоа е причината за да го киднапираат девојчето.

Вчера од полицијата изјавија дека Тијана е нивен приоритет на кој работат деноноќно идека нема да престане истрагата додека девојчето не биде вратено дома.

06.08.2014 - 09:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега