Исчезна уште едно момче: Отишол до тоалет и му се изгубила трагата

Триесет годишниот Феџо Идризовиќ од Сараево изчезнал без траг во градот Неум. Како што јавуваат локалните медиуми, тој последен пат е виден во неделата, кога околу 15 часот со своите другари, јадел пица во локалната пицерија. Како што кажуваат неговите другари, во еден момент тој станал од столчето и рекол дека ќе оди во тоалет. Од тогаш му се губи секаква трага. На масата го оставил својот паричник и мобилниот телефон.
Случајот е пријавен во полиција а неговото семејство во очај моли за помош.
Ви обллечем во бел шорц до под колената и маичката ја носел во раце бидејќи било многу топло.
Семејството моли сите кои имаат било какви информации да ги контактираат на +387 60 302 0337 или да пријават во полиција

05.08.2014 - 13:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега