Маж во униформа на гардист се разнесе со бомба

Непознат маж во униформа на гардист се разнесе денеска со експлозивна направа во хрватскиот приморски град Водице.

Телото на настраданиот го забележал утрово случаен минувач кој ја повикал полицијата, јавуваат хрватски медиуми.

Јутарњи лист објави дека неофицијално во радиус од 200 метри од местото на несреќата има и друго мртво тело. Засега нема потврда за втората жртва.

05.08.2014 - 12:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега