Пекол во Летонија - измерена рекордна температура

 

Во Летонија вчера се измерени 37,8 степени Целзиусови, што е највисока измерена дневна температура откако се спроведува мерењето, соопштија метеоролози.

Температурата е измерена во пристанишниот град Вентспилс, на западот на Летонија.

Високи температури, на 30 степени, забележани се и во соседните балтички земји - Естонија и Литванија.

Во текот на јули во Летонија, земја со два милиони жители, барајќи освежување во реките и езерата се удавија 30 луѓе.

05.08.2014 - 09:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега