Курдите во контраофанзива против џихадистите во Ирак
Курдските сили „Пешмерга“ планираат контраофанзива во северниот дел на Ирак против борците на „Исламска држава во Ирак и Левантот“, откако беа поразени во вчерашните судири со сунитските екстремисти, соопштија курдски претставници.
- Ирачкиот премиер Нури ал Малики денеска му нареди на военото воздухопловство да им обезбеди поддршка од воздух на курдските сили кои војуваат со џихадистите, изјави портпаролот на армијата Касам Ата.
04.08.2014 - 16:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа