ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не научи да ги почитува законите и институциите

 

 

СДСМ не научи да ги почитува законите и институциите во Република Македонија. Ги критикува, навредува и ги девалвира државата и нејзините институции и владеењето на правото, секогаш кога не му одговараат одлуките на правосудните органи, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дамјан Манчевски.

- Очигледно во СДСМ не ја научија лекцијата која им ја даде народот на последните избори. Тие изгубија со над 200.000 гласови разлика, еден од најголемите изборни порази на една партија во историјата на Македонија, а уште продолжуваат да ги вртаат истите ленти поради кои го доживааа овој срамен пораз. Тоа што СДСМ продолжува да лаже и манипулира и покрај јасната порака на граѓаните, доволно говори за нискиот политички стандард кој владее во оваа партија, стои во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ како и на изборите, сеуште продолжува да прави конструкции и лаги во кои никој не верува.

- Се заортачиле со луѓе кои биле осомничени, судени и правосилно осудени за фалсификување документи, за перење пари и за даночно затајување и врз основа на тврдењата на такви луѓе, СДСМ си дозволува да напаѓа било кого. Ако со вакви луѓе СДСМ си имаат работа, тогаш јасно е на кое дереџе спаднале. Ортаците си личат едни на други. Нивната деструктивна политика со конструкции и лаги најмногу им штети на нив самите и ако продолжат се повеќе ќе тонат во калта во која самите паднаа, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

04.08.2014 - 16:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега