Филмски грабеж во Скопје: Маскирани и вооружени разбојници украле 15.000 евра од скопјанец

Вчера околу 08 часот на улицата „Петре Георгиев“ во Скопје, во близина на пешачки премин, две непознати лица маскирани и вооружени со пиштоли извршиле разбојништво над 63-годишниот Р.Џ. од Скопје.

Разбојниците на скопјанецот му одзеле разни банкноти со вкупна вредност од околу 15.000 евра.

Настанот се случил додека Р.Џ. со возило се движел по улицата, се додека патот не му бил пресечен од друго возило со непозната марка, од кое излегле насилниците, му ги впериле пиштолите и со закана му ја одзеле ташната во која биле парите.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

најчитано сега