Повеќе од 381 лица загинаa во катастрофален земјотрес во Кина

 

Најмалку 381 лице загина, а илјадници се повредени во катастрофален земјотрес што ја погоди југозападната кинеска провинција Јунан. Американскиот сеизмолошки завод објави дека интензитетот на земјотресот е 6,1 степени според Рихтеровата скала, а според мерењата на Кинеската сеизмолошка служба ја чината е 6,5 степени. Во земјотресот целосно се уништени над 12.000 куќи, а 30.000 се оштетени. Спасувачите ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани, но работата  е отежната од поројниот дожд и лизгањето на земјиштето. 

Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри длабочина под градот Лонтоушан, кој е најмногу погоден.

 

 

04.08.2014 - 11:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега