ФК Вардар се огласи по инцидентот во Битола

Во врска со вчерашните немили настани на натпреварот од првото коло од новата сезона во ПМФЛ, помеѓу екипите на Пелистер и Вардар, во кој со повреди се здобија неколку Комити, денеска се огласи ФК Вардар.

-Ф.К. Вардар осекогаш ги осудувал ваквите немили настани и очекува Фудбалската Федерација на Македонија да ги превземе сите потребни мерки за спречување на секаков вид инциденти кои го нарушуваат Фудбалските стандарди во Македонија, како и угледот на македонскиот фудбал генерално. Исто така, сакаме да изразиме и незадоволство за вчерашниот натпревар од организациски аспект на домаќинот. Беа направени многубројни пропусти од страна на организаторот, при што очекуваме раководните лица во ФФМ да превземат соодветни мерки, наведено е во реакцијата. 

Ф.К. Вардар како и секогаш до сега, како што се нагласува, продолжува со борбата против насилството на трибините, и секогаш ќе настојува да го подобрува угледот на македонскиот фудбал.

04.08.2014 - 11:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега