Груевски оствари средба со Реј Мабус
Премиерот Никола Груевски денеска имаше средба со секретарот на Морнарицата на Соединетите Американски Држави Реј Мабус.
- Премиерот Груевски ги истакна реформите кои ги презема Владата на Република Македонија за унапредување на стандардите за реализација на европските интеграции и членството во НАТО, кои претставуваат стратешка определба на нашата земја. Тој ги посочи и мерките и вложувањата кои се реализираат во сферата на Министерството за одбрана со цел да се одржи високото ниво и квалитетот на македонските мировници кои во континуитет учествуваат во мисиите на НАТО, соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста.
Груевски истакнал дека Република Македонија е кредибилен партнер во исполнувањето на мировните мисии и особено придонесува во споделувањето на заедничките одговорности со земјите-членки на НАТО и дека на тој план Македонија ја цени поддршката со која Соединетите Американски Држави придонесуваат во процесот на реформите и поддршката која ја добиваме во исполнување на НАТО стандардите.
- Секретарот на Морнарицата на САД, Реј Мабус позитивно ја оцени соработката на двете земји во рамките на НАТО, и особениот придонес кој Република Македонија го дава во рамките на меѓународните мировни мисии, и кој нашите мировници го имаат во активностите на НАТО Алијансата, соопшти Секторот за односи со јавноста на Владата на РМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа