Нови детали: На ноктот од Тијана пронајдени траги од две лица

Веќе осум дена нема ниту трага ниту глас од 15-годишната Тијана која исчезна ноќта меѓу 25-26 јули.

Нејзините родители биле на местото каде е идентификуван сигналот од нејзиниот мобилен телефон, два километри покрај границата, но дали таму била и Тијана, не се знае. Полицијата им кажала дека се пронајдени патика и нокт, па мислат дека самоволно заминала. На ноктот се пронајдени траги од две лица и сега се анализираат.

-На околу 15 метри од местото каде е пронајдена патиката биле најмалку 20 луѓе. Ако ја киднапирале професионалци, сигурно не би го носеле вклучен нејзиниот телефон уште два часа, а сигналот е фатен кога се ажурирала апликацијата во телефонот. Телефонот пак не е пронајден, Морам да бидам силен и да најдам сили да ја дочекаме, раскажува таткото на Тијана.

Игор Јуриќ вели дека во петокот разговарал со инспекторите и дека не е сигурен дека полицијата дава се од себе да ја пронајде неговата ќерка.

-Го проучуваа нејзиниот профил и заклучија дека Тијана е таква каква што ние ја опишавме. Сфатија дека тоа не е дете што би побегнало од дома. Сопругата и јас таа можност веднаш ја исклучивме. Бев сам во Белгија кога ми се јави сопругата. Не насетувавме дека е грабната, дека се случило нешто страшно. Полицијата нема никаква трага. Доаѓаа кај нас луѓе од Белград, најдобри експерти и тие ништо не знаат. Се уште очеквуам дека некој ќе дојде и ќе ми каже нешто позитивно - вели таткото на Тијана.

До нив стигнуваат различни информации: - Како да исчезна. Го анализиравме нејзиниот пат од кафеаната “Полет“ каде се одделила од друштвото, до моментот кога последен пат е видена на Рата. Тијана од другар зела дуксерка иако имала своја. Го облекла дуксот на другарот, а својот виолетов го врзала околу половината. Му рекла дека ќе му го врати дуксот. Тргнала со другарката и другарот 15 минути после полноќ, а дома мроала да се врати до 1. По некоја моја замисла, кога стигнале до кафеаната “Полет“ сфатила дека има време да го врати дуксерот. Стотина метри пред спортските терени ја сретнало едно момче. Тогаш завртела зад аголот и исчезнала. Од 5 до 7 минути не се знае што е со неа и тогаш исчезнува - вели Игор Јуриќ.

03.08.2014 - 10:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега