До 1 септември забрана за движење тешки товарни возила низ Скопје

Од денеска стартува забраната за движење на тешки товарни моторни возила на подрачјето на Скопје, во период од 10 до 20 часот, а ќе трае до 1 септември 2013 година.

 

Ваквиот режим се воведува поради заштита за коловозите од оштетување поради големите осни оптоварувања  на тешките товарни моторни возила во услови на високи дневни температури во летните денови, соопшти град Скопје.

Овој  режим на сообраќај не се однесува тешките товарни возила што превезуваат лесно расипливи стоки, медицински препарати и жива стока.

ФОТО: Фактор

најчитано сега