Нови паркинг места во најпрометниот дел од градот - пуштена во употреба катната гаража „Разловечко востание“

 

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов денеска свечено ја пуштија во употреба катната гаража „Разловечко востание“ во Скопје, која обезбедува нови 500 паркинг места во најпрометниот дел од главниот град.

 

 

- Систематски го решаваме еден од најголемите проблеми кои го мачеа Скопје, а тоа е паркинг просторот и метежот по улиците. Она што долго време беше проблем и што многумина пред нас не знаеле или не сакале да го решат, ние, заедно со ПУИК во изминатите неколку години чекор по чекор, со јасна визија и со многу работа, полека но сигурно го решаваме. За тоа придонесуваат катните гаражи кои ги градиме, улиците и булеварите кои се проширија и изградија во овие неколку години, како и сите идни проекти кои ќе се реализираат во оваа насока, рече Груевски.

 

 

Вкупната површина на објектот, информира директорот Грозданов, е 23.000 метри квадратни, од кои 20.000 метри квадратни се наменети за паркинг простор распоредени на девет надземни и едно подземно ниво со што ќе се обезбедат вкупно 516 паркинг места. Просторот од 3.000 метри квадратни е наменет за деловен простор. Нејзината стаклена фасада, појасни, ненаметливо се вклопува во околниот амбиент и со тоа го заокружува овој урбан блок кој е од особено значење на градот Скопје. Катната гаража „Разловечко востание“ располага со четири лифтови кои ќе бидат пуштени во употреба за паркинг просторот и два лифта коишто се наменети за деловниот простор.

- Ќе има две шалтерски наплатни места, но исто така граѓаните добиената услуга ќе можат да ја платат и преку поставените два паркомат. Од аспект на сигурност оваа катна гаража ќе биде 24 часа под целосен видео надзор покриен со вкупно 48 камери. Во склоп на самата катна гаража ќе има и посебен простор наречен чекална којшто ќе можат граѓаните коишто ќе сакаат да ги сочекаат возилата да не мора да се качуваат горе во самата катна гаража него во самата чекална да ги почекаат и да нормално потоа се упатат во саканиот правец. Сите овие услуги граѓаните ќе можат да ги добијат само за 30 денари за паркирање од еден час. АД ова им го овозможува на граѓаните само со цел решавање на паркирањето на градот Скопје како и заживувањето на ГТЦ, изјави директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов.

02.08.2014 - 15:07
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа