Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Алжир

Три лица загинаа, а над 388 се повредени во земјотресот што со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди алжирската престолнина и крајбрежните провинции.

Петмина од повредените се во критична состојба. Од тројцата загинати, двајца се фрлиле од балконите на становите во обид да избегаат од земјотресот, а третиот претрпел инфаркт. 

Епицентарот бил во морето, на 19 километри од брегот на провинцијата Бумердес, според алжирскиот центар за истражување и геофизика, кој регистрирал веќе пет последователни потреси со помал интензитет.

Во 2003 година земјотрес со епицентар во градот Бумердес, источно од градот Алжир, однесе околу 3.000 жртви.

01.08.2014 - 16:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега