Македонскиот народ сам извојува слобода- Илинден најсветол датум во македонската историја

Во целокупната историја на македонскиот народ нема посветол датум од 2-ри август 1944-та година. Слободата, македонскиот народ ја извојува сам, со сопствени сили и скапо ја плати: даде преку 2400 жртви, повеќе илјади негови чеда ја дочекаа неа како инвалиди, а ретко кој негов припадник остана нерепресиран на разни начини.

Ова е дел од богатиот говор на Трајко Стаматоски од организацијата на Сојузот на борци.

- 1903 година е симбол на борбата на македонскиот народ за национална слобода. АСНОМ симбол на нејзиниот резултат, создавањето македонска држава. Неприфатливо е и спротивно на историската вистина кое било нивно взаемно спротивставување. АСНОМ ги постави основите на подоцнежниот развој на современата македонска држава, што согласно истата закономерност доведе до третиот Илинден, прогласувањето на самостојноста и независноста на Република Македонија во 1991 година, рече Камбовски.

АСНОМ е триумф на вековната борба на македонскиот народ за својата слобода. Во него се вткаени сите досегашни борби за свое национално ослободување, сите поревања-паѓања и подигнувања.

-Во историјата на секој народ има значајни настани: порази и победи што останале во народното сеќавање. За жал, македонскиот народ доживувал почесто трагедии. Затоа кога денеска одбележуваме 70 години од првото заседание на АСНОМ и прокламирањето на слободата јас сум убеден дека не грешам кога ќе кажам дека во целокупната историја на македонскиот народ нема посветол датум од 2-ри август 1944-та година. За значењето на АСНОМ е пишувано многу, а ќе се пишува и понатаму. Осветлуван е овој датум од политички, воен, правен аспект.Слободата, македонскиот народ ја извојува сам, со сопствени сили и скапо ја плати: даде преку 2400 жртви, повеќе илјади негови чеда ја дочекаа неа како инвалиди, а ретко кој негов припадник остана нерепресиран на разни начини, рече Стаматоски од организацијата на Сојузот на борци.

01.08.2014 - 15:53
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега