Невремето носеше се пред себе - се урна фасадата на фискултурната сала во ОУ „11 Октомври“

Дожд синоќа го потопи Скопје. Во силното невреме се урна фасадата на фискултурната сала во ОУ „11 Октомври“. Во училиштето е поплавен и еден кабинет, соопшти општина Центар.

Службите од општина Центар, како што се наведува, со пумпи ја извадија водата, а од понеделник ќе се почне со санација на фасадата. Со пумпи е извадена водата и од поплавената кујна во ОУ „Гоце Делчев“, а водата се вадеше и од поплавените гаражи во градски ѕид.

Најкритично беше во населбата Пролет каде што службите од општина Центар во соработка со ЈП Комунална хигиена со црева ја исчистија калта која од тревните површини се излеа  на улиците, стои во соопштението.

01.08.2014 - 14:27
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа