Јанез Јанша пуштен од затвор за да присуствува на конститутивната седница на словенечкиот парламент

Новиот словенечки парламент ја одржа денеска својата прва седница, на која присуствуваше и поранешниот премиер Јанез Јанша, кој беше пуштен од затвор, за да може да присуствува.

Јанша, кој од почетокот на јуни отслужува двегодишна затворска казна заради корупција, освои пратеничко место во 90-домниот парламент на 13 јули, како лидер на десноцентристичката Словенечка демократска партија (СДС).

Jанша, кој во два наврати беше премиер, е осуден заради примање поткуп во вредност од 278 милиони евра при набавката на оклопни возила за словенечката армија од финската компанија Патриа.

Според словенечките закони, им се одзема пратеничкиот имунитет на лицата осудени за престапи со затворска казна подолга од шест месеци. Законот не прецизира што се случува кога некој ќе освои место во парламентот додека се наоѓа во затвор.

Откако парламентот ќе ги потврди мандатите на избраните пратеници, треба да избере претседател и парламентарни комисии.

01.08.2014 - 13:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа