Почина една од најдобрите ракометарки

Најдобрата сплитска ракометарка во историјата на овој спорт, Драгица Палаверса, почина во Сплит на 61 година, по тешко боледување.

Палаверса во својата кариера играла само за сплитскиот ракометен клуб „Нада“, за кого постигна 2037 голови, со што беше прогласена за најдобар стрелец на сите времиња во клубот. Таа со својот клуб во 1984 година го освои Купот на победниците на куповите

Од 1970 до 1979 година, Драгица Палаверса беше дел од репрезентацијата на Југославија, одигрувајќи 145 натпревари, на кои постигна 647 голови, беше дел и на четири светски првенства како капитен на тимот.

01.08.2014 - 12:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега