Познат криминалец екстрадиран во Македонија - го чека доживотен затвор

Михаилов Сименов осуден на доживотен затвор во случајот Детонатор екстрадиран во Македонија. Според инфрмаците до кои дојде Press24, 35 годишниот осуденик ноќеска од Италија е префрлен во земјава. Михаилов заедно со кочанската група беше инволвиран во случајот Детонатор, а осуден беше за обид за убиство на Драганчо Стоименов.

Михаилов доби уште две затворски казни, 4 години за злосторничко здружување и уште 3 години за насилство. Во прв степен тој е виновен како член на злосторничка група што се занимавала со криминални дејствија во Источна Македонија.
 Тој беше успасен во Италија минатото лето. 

Казна доживотен затвор доби и Сашко Стојчевски, кој се уште е во е во бегство и е недостапен за органите на прогонот.

01.08.2014 - 12:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега