Потресна исповед на мајката на исчезнатата Тијана - ќе ви го скрши срцето

 

Најтешко ми е кога ги слушам грмотевиците, кои овие дена зачестија, бидејќи откако сопругот Игор замина во странство, Тијана знаеше да ми се вовлече во кревет и полесно да заспие, стискајќи ги усните. Вака мајката на Тијана Јуриќ за која цела Србија се крена на нозе раскажува за тешката судбина која ги снајде.

-Чувствувам дека моето дете е живо, дека ќе ми се врати, дека ќе престане овој кошмар и дека повторно ќе бидеме сите заедно. Само така можам да ги преживеам овие деновим не сакам поинаку да мислам. Тијана последен пат ја видов кога се врати од море, вели Мирјана, нејзината мајка.

Тијана по основното училиште сакала да го усоврши етно пеењето и на приемниот испит во Музичкото училиште имала максимален број на поени.

-Таа навистина е добро дете, никогаш не ме излажала, имаме искрен однос, полн со разбирање, сите ја сакаат. Никогаш не ја испуштав од вид, учествував во сите сфери од нејзинио живот, го познавам сите нејзини другари и другарки. Децата со денови не спијат, заедно со нас ги бројат деновите и чекаат вест за Тијана, додава мајката Тијана.

Девојчето исчезна викендов откако била на забава. На Фејсбук беше креирана група на која наводно се огласија киднаперите, но потоа беше избришана.

01.08.2014 - 12:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега