Потресно: "Ги отвори очите, ме погледна и умре" - лекарите раскажуваат за смртта на бебенцето

Бев погоден од трагедијата и како лекар и како човек. Со овие зборови докторот Петар Динев раскажува за смртта на малото бебенце во сообраќајката кај Демир Капија која го потресе Балканот.

- Во еден момент ги отвори очите, ме погледна и почина...Срцето ми застана во моментот кога сфатив дека бебето почина. До последен момент се трудевме и дававме се од себе. Нема потешко нешто од ова, вели лекарот Петер Денев за српскиот Курир. Тој прв дошол на местото на страотната сообраќајка со Брзата помош.

Тој вели дека бебето имало повреди, но не крварело. Одеднаш престанало да дише во амбулантното возило. Го реанимирале, но за жал бебето подлегнало на повредите. Лекарот вели дека во возилото настанал молк кога сфатиле дека малиот Андреја не дише. 

- Со години се занимавам со оваа професија, сум видел и поминал се, но оваа трагедија најтешко ми падна. Сликата на бебето и понатаму ми е пред очи, затоа и ми е тешко да зборувам, вели тој.

За потстување, по малиот Андреја, животот го загуби и 24-годишниот Никола, а мајката на бебето е во шок и длабока депресија.

 

01.08.2014 - 10:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега