Инвестициите во хидроелектраните носат заштеда на струја

Вложувањето во енергетика во моментов се смета за една од најсигурните инвестиции во целиот свет. Според официјалните статистики, водниот потенцијал во Македонија е искористен околу 27%, што е многу мала бројка. Од вкупното производство на струја на ЕЛЕМ само 15% отпаѓа на хидроцентралите, анализира Лидер.

Во АД Елем потенцираат дека интензивно се работи на  изградба на нови објекти, но и одржување на постојните капацитети во солидна кондиција. Токму вчера беше пуштена во употреба  модернизираната хидроелектрана Вруток,проект вреден 36,6 милиони евра, со што се заокружи втората фаза од проектот за ревитализација на шесте најголеми хидроелектрани во земјава.

Од хидропотенцијалот во Македонија досега се изградени хидроелектрани со вкупна инсталирана моќност од 580 мегавати и со просечно производство од околу 1.500 гигават/часови (GW/h) што претставува 27% од расположивиот потенцијал. Планирано е искористување на дополнителни хидроелектрани со производство од околу 2.500 GW/h со што вкупното производство би изнесувало 4.000 GW/h или 73% од расположивиот технички потенцијал. И покрај одредени административни проблеми како и проблеми со нејасната хидрологија на локациите, реално се очекува изградба на вкупно 80 мегатави електрична енергија од хидроелектрани со производство од 210 гигават/часови годишно до 2020 година, односно од 420 гигавати до 2030 година”, пишува во енергетската стратегија на Македонија, изработена од МАНУ.

Повеќе на ЛИДЕР.

01.08.2014 - 10:20
Фото: 
билд.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа