Крвави траги на сите страни - млади момчиња се испотепале во Охрид

Во центарот на Охрид, на самиот Кеј синоќа се случила крвава тепачка во која учествувале две групи млади лица, најверојатно од Скопје. 

На местото на случката на Кејот „Маршал Тито“ се забележливи крвави траги бидејќи насилниците во тепачката користеле ножеви, а по инцидентот во неколку наврати интервенирала и Службата за итна медицинска помош која ги префрлила повредените во Медицинскиот центар во Охрид.

Од Секторот за внатрешни работи потврден е случајот, во тек се активности за утврдување на околностите и наскоро ќе соопштат повеќе детали за инцидентот. 

01.08.2014 - 09:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа