Ги загуби внукот и синот - мајката на Никола скршена од болка

Никола Маринковиќ од Чуприја кој се здоби со тешки повреди во страотната сообраќајна несреќа во која почина осуммесечно бебенце, вчера им подлегна на повредите во болницата.  Како што пишува српскиот Ало, за жал неговата состојба не се подобрила и покрај напорите на лекарите, бидејќи 24-годишното момче имало тешки повреди на главата, вратот и градниот кош.

Веста за големата загуби на мајката на Никола и ја соопштиле вчера, а несреќната 65-годишна жена сега не може да стане од кревет. 

- Легна во кревет, не сака да јаде и пие, само лежи и ништо не зборува, велат извори за српскиот Ало.

Изворот вели дека Никола бил здраво младо момче, спортист кој тренирал фудбал. Веста за смртта на внучето ја уништило нговата мајка, а оваа вест дефинитивно ја завила во црно.

Инаку, Никола починал вчера околу 14:30 часот во Ургентниот центар во Скопје, а неговото тело е предадено на обдукција.

01.08.2014 - 09:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега